Бугарскиот претседател Румен Радев утре претпладне ќе ѝ го додели мандатот за состав на нова влада на политичката партија „БСП за Бугарија“.
Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но составот на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент.
Вториот мандат Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжување со промена“, Николај Денков, но и тој не доби поддршка во Парламентот за декларацијата со приоритетите.
Третиот мандат е последна можност за формирање Влада во Бугарија. Доколку не се спроведе успешно, според Уставот, шефот на бугарската држава мора да распише нови парламентарни избори.