Фото: Твитер/Албин Курти

Поранешниот претседател на движењето „Самоопределување“, Висар Имери синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веќе донел одлука за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и дека за тоа говорат шесте услови што Курти ги поставил за формирање на ЗСО.

Имери оцени дека тоа е единствениот пат што го води „Косово напред, а на Курти тоа му е јасно“.

-Курти сфати дека нема друг излез освен да ја направиме Заедницата на српски општини. Надеж за сите нас е дека тоа ќе го отвори патот за завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија. Се надеваме и дека ова завршување на дијалогот ќе биде од корист за Република Косово – изјави Имери за ТВ Дукаџини.