Фото: Принт-скрин

Невремето што од вчера зафати голем дел на Грција предизвика поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците.

Вчера, во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето.

Паралелно, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикаа помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи кровот.

Засега, освен помала материјална штета на домови и возила, во невремето во Грција нема жртви или повредени.

Солун е регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за 2022 година во Грција, соопшти Националната организација за јавно здравје.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението потсетуваат дека вирусот го пренесуваат комарците, а мнозинството од заразените или воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми.

Вирусот Западен Нил, во Грција се појави во 2010 година, а присутен е секоја година во летните и есенски месеци.

Во периодот од 2010 до 2021 година, најголем број случаи биле регистрирани во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 59 случаи, а од западнонилска треска починале осум лица.