Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека разговарал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и во таа прилика додаде дека се согласиле оти е потребна деескалација на Косово, пренесе „Макфакс“.

Вучиќ рече дека е потребна посилна улога на КФОР, особено на северот на Косово.

– Ги негирав невистините за највисок степен на борбена готовност на војската на Србија, не се договоривме за природата на она што се случи на Косово. И Блинкен зборуваше за некои мерки, јас реков дека сум против – рече Вучиќ.

Tој рече дека Србија има докази за настаните на северот на Косово и додаде дека „ќе ги гонат ладнокрвните убијци“.

Претседателот на Србија рече и дека не му пречи што КФОР го зголемува бројот на војници на Косово.

– НАТО не ни пречи, нека праќаат, помалку Курти ќе дивее – рече тој.

– Ги убедував Милан (Радоичиќ) и другите најмалку 500 пати да се извлечат од барикадите. Нема да ги наречам Србите терористи – изјави претседателот на Србија.