Хрватскиот претседател со изјава што го разбранува Западот: „Го анектиравме Косово, грабнато е од Србија… А Русија е провоцирана со години!“

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, учествуваше во Петриња, во касарната „Полковник Предраг Матановиќ“, на свеченото испраќање на третиот хрватски контингент како дел од активноста на НАТО за засилено напредно присуство во Република Литванија.
Потоа претседателот Милановиќ даде изјава што никого не остави рамнодушен. Од изјавата издвојуваме два исклучително интересни става. Едниот се однесува на Русија, односно на украинско-руската војна. Додека вториот се однесува на Косово, односно Србија.
Заеднички именител на двете изјави е дека претседателот на Хрватска, без „влакна на јазикот“, отворено и жестоко ја критикува меѓународната заедница, односно западниот концепт на политичко и воено провоцирање, како и експанзионистичката политика, каде што учествува и самата Хрватска, како членка на НАТО и ЕУ, меѓутоа очигледно без неговите одобрувања и симпатии.

Одговори на претседателот на Хрватска на прашањето во врска со Русија и руско-украинскиот конфликт

– Од 2014 до 2022 година гледаме како некој ја провоцира Русија со намера да избувне оваа војна! И избувна. Помина една година, ние дури сега зборуваме за тенкови. Таму ќе ги испратиме сите германски тенкови, руските изгореа. Истата судбина ги чека и овие другите – рече претседателот Милановиќ
– Некои во Европскиот парламент зборуваат за „кинење на Русија“ – тоа е лудост. Ние и Србите не се мразевме толку многу. Ако на тоа лудило не можеш да му ставиш крај, тргни се од патот, бидејќи ќе се префрли на тебе. Јас ментално се подготвив на тоа дека ќе бидеме донесени до статус на кловн – нагласи Милановиќ.
– Не можеме и нема да се најдеме во ситуација целосно да зависиме од туѓата волја на која немаме никакво влијание. Гледам дека шефот на НАТО е во Јужна Кореја и Јапонија. Го знам човекот 20 години, но таму тој не нѐ претставува мене и мојата земја. Тоа не е простор на НАТО, но е во соседство на Кина. Тоа нема врска со Хрватска. Се одвиваат работи на кои немаме никакво влијание ниту пак некој нѐ прашува, а можат веќе утре длабоко да нѐ обврзуваат – додаде претседателот.
– Ова не е прашање на моралот, каде што луѓето до вчера биле разиграни пацифисти во фустанчиња, а сега би растргнувале луѓе. Решението не е во промената на власта во Русија. Германските тенкови во Харков ќе ги зближат со Кинезите. Не е добро тоа што се работи – посочи Милановиќ.
– Ова е доведување во прашање на целиот концепт, на кој некој мисли дека има право. Така и Крим – Крим никогаш повеќе нема да биде Украина. Тоа го велат водечките германски генерали. Сè подлабоко влегуваме во конфликт со суперсила. Знаете како на крајот ја губат војната? Така што на крајот користат нуклеарно оружје – рече Милановиќ.
Хрватскиот лидер додаде дека се обидува да им ги отвори очите на другите затоа што „влегуваме во војна со суперсила“.
– Налудничавите емоции и омразата ја водат Европа во голема опасност. Прашање е колку ќе ѝ помогнеме на Украина. Ова не е помош, ова е малтретирање. Требаше да ги натераме да седнат на преговарачка маса. Можат да загинат 300 илјади Украинци. Срцето ме боли додека го гледам тоа. Оние што ги тераат на тоа, целата ситуација ја следат од градовите во кои нема војна. Тие знаат дека се на сигурно, дека нивните градови нема да горат. Ова е Армагедон, не сум верник. Но сум читал многу за тоа – заклучи Милановиќ.

Одговори на хрватскиот претседател во врска со Косово и Србија

Претседателот на Хрватска кратко, но многу јасно, се осврна и на прашањето за Косово и Србија.
– Ова е доведување во прашање на целиот концепт, на кој некој мисли дека има право. Така е и со Крим – Крим веќе никогаш нема да биде Украина. A Србија и Русија не се исто. За жал, тоа е болен факт и опасност. Го анектиравме Косово! Ние и меѓународната заедница! Одземено е од Србија! Кој го направи тоа освен ние?
Тоа не е анексија, тоа е одземање. Како се вика тоа? Екстракција. Не по врат, туку по шија. Ова не е доведување во прашање на Косово, туку на целиот концепт – рече Милановиќ.