Србија

Сојузот на еколошките организации на Србија и Движењето за еколошко востание одржаа протест пред зградата на српската влада, на кој официјално поднесоа барања за укинување на уредбата за реализација на проектот „Јадар“ и јавно објавување на сите потпишани документи со компанијата „Рио Тинто“.
Еколошките активисти собрани пред зградата на Владата во центарот на Белград во разговорот со новинарите изразиле незадоволство бидејќи премиерката Ана Брнабиќ не може да ги прими и најавија дека ќе продолжат со протестите и утре.
Според нивните тврдења, доколку не им се излезе во пресрет на барањата, тие викендов ќе ги радикализираат протестите и најавија блокада на повеќе автопатишта и неколку гранични премини.

Подготви: Дејан Србиновски