Две партии од бугарската владејачка коалиција не присуствуваа на денешните консултации со претседателот на државата.
Промените продолжуваат на премиерот во оставка Кирил Петков и Бугарската социјалистичка партија на Корнелија Нинова не се појавија на консултациите, кои за денеска ги закажа претседателот на Бугарија.
Промените продолжуваат соопштија дека во моментов има седница на собраниската комисија за буџет. БСП ја информираше и претседателската администрација дека денеска нема да можат да одат на консултации поради состанокот на парламентарната комисија за буџет и дека буџетот на Бугарија е поважен за нив за да се обезбеди зголемување на пензиите, даночни олеснувања за младите семејства, помош за земјоделците, ваучери за работници, поддршка на бизнисот и дополнителни средства за транспортниот сектор.
Бугарските социјалисти ќе учествуваат на консултации некој друг ден, кога ќе се уверат дека ги обезбедиле семејствата и стопанството за наредните месеци.
Единствените кои учествуваа на консултациите кај претседателот Румен Радев беа од опозициската коалиција ГЕРБ-СДС. Десислава Атанасова потврди дека доколку најголемата партија не успее да формира нова влада, ГЕРБ-СДС во најбрз можен рок ќе го врати мандатот што ќе им биде доделен и ќе и биде предаден на партијата за која претседателот ќе процени дека же може да формира влада, како што е запишано во Уставот.
Бугарското Народно собрание денеска во второ читање расправа за ребалансот на државниот буџет, на кој се дадени десетици амандамани и со кој треба да се обезбедат средства за предвремените избори во земјата.
Од владејачката Промените продолжуваат најавија дека ќе бараат можности да закажат консултации со претседателот на Бугарија, откако тој ќе се врати од самитот на НАТО во Мадрид.