Фото: Архива

Десетина училишта во Софија денеска преку е-пошта добија закани за поставени бомби. Според бугарските медиуми има закани и кон други училишта во државата.

Во е-пораките е упатено и барање за плаќање во биткоини, јави БТВ.

Последни евакуации беа преземени во училишта низ државата на 30 март. Во изминатата недела беа регистрирани над 100 дојави за поставени бомби во училишта во областите Плевен, Сливен, Варна, Бургас и Софија. Електронските пораките беа речиси идентични во сите училишта.

Техничкиот министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев вчера изјави дека според новиот протокол за акција веќе нема да бидат затворани објекти ако биде добиена закана за поставена бомба.

При денешните закани учениците биле однесени во дворот на училиштата додека во дел е прекината наставата.