Дваесет и двегодишна девојка денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба – објавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со нож нападнала тројца минувачи во Саут Парк, пренесуваат бугарските медиуми, додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Еден од нападнатите, 21-годишен, бил прободен со нож во слезината и веќе бил опериран. Според медиумите тој е во тешка состојба.
Друг маж, на возраст од 51 година, бил прободен со нож во градите и бил примен во болница за лекување на раните. Неговиот живот не е во опасност.
На девојката претходно и била констатирана тешка психијатриска болест, дека била на лекување и оти пред неколку месеци била отпуштена, а за неа се грижи нејзината мајка.
Наводно, мајката и рекла на полицијата дека нејзината ќерка одбива да ги зема лековите што и биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
Бугарските медиуми пренесуваат дека сите психијатриски клиники во моментов одбиваат да ја примат 22-годишната девојка, поради недостаток на простор.