Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти попладнево дека загинале 11 лица, односно дека од урнатините на Железничката станица во Нови Сад биле извлечени 11 тела.
Тој за ТВ Пинк изјави дека 11 лица загинале, три лица се спасени.
Спасени се и две жени кои биле под урнатините со кои имале контакт во текот на денот.
Тој рече дека дошло до недоразбирање со медиумите, а девојката која е спасена нема 14 туку повеќе од 20 години.
Според него, веројатно има уште тела под урнатините.
-Овој број сигурно нема да биде конечен – рече Дачиќ, додавајќи дека се трага по исчезнатите.