Фото: Принт-скрин

Најмалку пет лица загинаа, а 38 се повредени кога туристички автобус падна од карпа во турската провинција Бурса, во северозападниот дел на земјата, јавуваат турските медиуми.

Се додава дека меѓу жртвите е и возачот на автобусот, пренесе Интерфакс.

Според медиумите, туристичкиот автобус се движел од провинцијата Кутахја кон општина Мудања во Бурса.