Фото: КФМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Словачка со 79-75 во Скопје за да оствари втора победа во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Во најголем дел од натпреварот одигран вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје, гостите беа во водство, но „црвено-жолтите“ беа упорни и на три минути до крајот семафорот покажуваше 69-69. Следуваше серија од 7-0 за победа на македонската селекција.

Кај Македонија повторно се истакна Ненад Димитријевиќ со 20 поени, од кои пет во завршницата беа клучни. Одличниот бек ја постигна и одлучувачката тројка во победата над Данска од 73-70. Андреј Јакимовски и Војдан Стојановски вечерва уфрлија по 15 поени.

Избраниците на Александар Јончевски имаат две максимални две победи во групата Д, исто како и Норвешка која претходно ја совлада Данска со 99-75.

Македонија во следниот дуел ја пречекува Норвешка на 10 ноември.