Италијанските карабинери денеска во Болоња уапсија 40-годишен биолог нутриционист, кај кого е пронајден околу половина литар ГБЛ (гама-бутиролактон), позната како „дрога за силување“, поради силниот седативен ефект врз лицето кое го зема.

Апсењето било извршено во куќата на осомничениот на периферијата на овој град во регионот Емилија-Ромања.

Се наведува дека дрогата била во течна состојба и речиси 100 проценти чиста, што значи дека од таа количина би можеле да се направат околу 700 дози.

Врз основа на податоците на Царинската служба на Италија, била направена реконструкција на настанот и утврдено е дека дрогата стигнала од Србија.