Во Сплит избувнал пожар во складиште на весникот „Слободна Далмација“, на чија интернет-страница се наведува дека сите вработени се итно евакуирани од редакцијата, а дека полицијата ги повикува станарите од соседните згради да ги напуштат становите.

Како што пренесува „Танјуг“, попладнево за запалила зграда која му припаѓа на дневниот весник, но која од неодамна била физички одделена од редакцијата на „Слободна Далмација“.

Станува збор за изнајмен простор, кој се користи како столарска работилница.

Се тврди дека повеќе лица се евакуирани, а некои во паника трчале за да ги спасат своите автомобили. Десетина пожарникари пристигнале на терен само три минути по пријавувањето на пожарот.

Пожарникарите се пробиваат и во заклучените простории и се обидуваат да го спречат ширењето на огнот.