Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се согласил со грчкиот премиер за продолжување на дијалогот меѓу двете земји околу спорните прашања.

Ердоган, кој се состана со Киријакос Мицотакис на маргините на самитот на НАТО во Брисел, смета дека не се потребни никакви посредници за време на разговорите меѓу нив двајца, објави „Катимерини“.

Анкара и Атина долго време спореа околу некои прашања, почнувајќи од конфликтот околу територијата на Медитеранот, преку воздушниот простор, до миграцијата.

Сојузниците на НАТО беа блиску до конфронтација минатата година, нарушувајќи ги односите меѓу Европската Унија и Анкара, додава „Ројтерс“.