По одлуката за набавка на 12 борбени авиони „ф-16 барак“ и со 16 извиднички борбени хеликоптери „киова“, Министерството за одбрана на Хрватска почнува со постапката за набавка на нови транспортни хеликоптери „блек хавк“. Министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ на состанок со воените старешини во воената база Плесо објавил дека е во тек изработка на тактичко-техничка студија за опремување со повеќенаменски хеликоптери од западно производство. Студијата ќе покаже кои хеликоптери најмногу одговараат на потребите на хрватското воено воздухопловство, а во план е да се набават нови транспортни летала до 2025 година. Целта е во наредниот период целосно да се премине на воздухопловна технологија од западно производство, пишуваат медиумите во Хрватска.
за одбрана по предлог од САД упати барање за донација на воени летала преку програмата на американската армија за помагање на сојузничките земји. Хрватската војска на овој начин се опреми со возилата „мрап“ и „м-атв“ и со хеликоптери од марката „киова“. За набавката на нови хеликоптери говореше и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ. Новите хеликоптери имаат четиричлена посада и капацитет на превоз на 11 члена. Овој модел се произведувал од 1997 до 1989 година.