Фото: Илустрација/ Принтскрин

Турската компанија „Бајкар“ планира во 2025 година во Украина да почне со производство на борбените беспилотни летала „Бајрактар ​​ТБ2“ и „Бајрактар ​​Акинџи“, соопшти денеска извршниот директор на компанијата Халук Бајрактар.

– Изградбата се одвива според планот, а почетокот на производството е закажан за 2025 година – рече тој, пренесен од Тасс.

Бајрактар ​​изјави дека главниот дел од подготвителните работи во фабриката се веќе во тек, а се очекува фабриката да биде електрифицирана во јули годинава.

Во август минатата година беше објавено дека во Украина почна изградбата на фабрика за производство на турски дронови „Бајрактар“.

Украинскиот амбасадор во Турција, Басилиј Боднар, тогаш изјави дека изградбата ќе трае неколку месеци, а производството ќе почне пред крајот на 2023 година.

Меѓутоа, во интервју за „Укринформ“ објавено во јануари, Боднар рече дека борбите довеле до промена на првичните планови.