Властите ја засилуваат потрагата по малата високорадиоактивна капсула, за која веруваат дека паднала од камион додека се пренесувала низ Западна Австралија

Сребрената капсула содржи мало количество цезиум-137 и е опасно радиоактивна. Еден час изложеност од околу еден метар е еквивалент на 10 рендгенски снимки, а долготраен контакт може да предизвика изгореници на кожата, акутна радијациска болест и рак, велат експертите.
Изгубениот уред е дел од мерач на густина што се користи за мерење на густината на парче железна руда. Мерачот го транспортирала компанија-подизведувач, која го подигнала од локацијата на рудникот на 12 јануари, за да го премести во складиште во североисточното предградие на Перт.
Кога бил отпакуван за проверка на 25 јануари, мерачот бил пронајден скршен, а радиоактивната капсула ја немало. Властите рекоа дека вибрациите за време на транзитот можеби предизвикале олабавување на винтовите од мерачот, овозможувајќи капсулата да падне низ празнините во кутијата и камионот. Исто така, постои загриженост дека цврстата капсула можеби се наоѓа заглавена во гума на друго возило и потенцијално е стотици километри оддалечена од областа за пребарување.

Подготвил: Mарјан Велевски