Фото: пиксабеј

Силната зимска бура што ги зафати САД предизвика откажување на илјадници летови за време на долгиот божиќен викенд.

Вкупниот број на откажувања денеска изнесува 2.767. Доцнеле 5.319 летови.

Според веб-страницата за следење летови FlightAware, само „Саутвест ерлајнс“ откажала 725 летови, а 103 летови биле одложени. Во петокот беа откажани 1.238 летови на „Саутвест“.

„Кина Естерн ерлајнс корп“ денеска откажа 596 летови, што претставува 32 проценти од нивната вкупна услуга.

Вкупните откажувања на авиокомпанијата „Делта“ беа 247, а 69 летови беа одложени. Јунајтед ерлајнс откажа 84 летови, а авиокомпанијата Алјаска откажа 79 летови.

Смртоносната зимска бура погоди повеќе од 200 милиони луѓе, а досега загинаа најмалку 12 луѓе.