Фото: Маја Јаневска-Илиева

На Европа не ѝ требаат нови структури во однос на одбранбената стратегија на Европската Унија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон повика на ревизија на одбраната на ЕУ.

Макрон вчера изјави дека ЕУ треба да дефинира нова одбранбена стратегија, што ќе ја зајакне нејзината способност да се брани иако трансатлантската алијанса на НАТО е корисна и ефикасна, објави „Ројтерс“.

– Она што ни треба е повеќе капацитет, а не нови структури што се натпреваруваат за капацитет – рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, на заедничката прес-конференција со француските министри за надворешни работи и за одбрана во Париз.