Словачка ќе купи од американската компанија „Локхид Мартин“ 14 воени авиони Ф-16 за да ги замени советските од типот „МиГ“.

Словачкиот министер за одбрана Петер Гајдош денеска потпиша договор со потпретседателката за меѓународен развој Ана Вукофски, според кој првите четири авиони ќе бидат испорачани до 2022 година, а останатите наредната година.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини рече дека неговата земја ќе плати за авионите повеќе од 1,6 милијарди евра.

Договорот вклучува и муниција, обука на пилоти и на други лица и логистички сервиси.