Романскиот парламент изгласа недоверба на владата на премиерот Лудовик Орбан. „За“ гласале 261 пратеник.

Гласањето за недоверба го предложи опозициската левичарска Социјалдемократска партија, која се обидува да се врати на власт откако во октомври лани изгуби на изборите.

Партијата го критикуваше Орбан дека се обидува да ги смени изборните закони пред локалните избори во јуни.

Политичките аналитичари во Романија сметаат дека Орбан има големи шанси да формира коалициона влада по парламентарните избори закажани за крајот на годината.