Педесет и две лица се повредени во несреќата на авионот на компанијата „Пегасус“ кој се излизга на пистата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, по што се преполови.

Авионот полетал од Измир, а несреќата се случи при слетувањето во Истанбул.

Министерот за транспорт на Турција, Чахит Турхан, претходно соопшти дека во авионот имало 171 патник и шест членови на екипажот и дека во несреќата нема жртви.

Откако се преполовил, во авионот настанал пожар, кој бил изгаснат од противпожарните екипи.

Обвинителството во Анкара отвори истрага за инцидентот. Аеродромот „Сабиха Гокчен“ е привремено затворен за воздушен сообраќај.