Поранешниот американски претседател Барак Обама одлуката на неговиот наследник Доналд Трамп за повлекување на САД од иранскиот нуклеарен договор ја нарече „сериозна грешка“ која ќе ја поткопа глобалното доверба кон Америка.

Договорот беше склучен за време на Администрацијата на Обама.

Во изјавата на Обама објавена синоќа, тој вели дека одлуката на Трамп да се повлече е „погрешна“, уште повеќе затоа што Иран го спроведува договорот.

Поранешниот претседател на САД предупреди дека „постојаниот подбивен однос кон договори во кои САД се една од страните, ризикува да ја поткопа довербата кон Америка и противи на големите светски сили“.

Обама исто така, предупреди дека без договорот САД можат еден ден да се соочат со лош избор: Иран вооружен со нуклеарно оружје или уште една војна на Блискиот Исток.

Според него, договорот со Иран покажува што може да се постигне преку дипломатија, вклучувајќи ја и Северна Кореја.