Ирански пратеници денеска во парламентот запалија хартиено американско знаме, извикувајќи „Смрт на Америка“, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.

Тие запалија и парче хартија што го претставуваше договорот.

Слоганот „Смрт на Америка“ во Иран се користи од Исламската револуција во 1979 година и често може да се слушне во парламентот.

Сепак, денешната ситуација е израз на незадоволство на иранската јавност со одлуката на Трамп.

Нуклеарниот договор од 2015 година воведе ограничувања на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на најголем дел од санкциите.