Студент кој падна од висина на паркинг за време на протестите во Хонгконг на почетокот на неделата, денеска почина, пренесуваат светските медиуми. Како што се наведува, ова е прва смрт на студент во антивладините протести, што најверојатно ќе предизвика нови нереди во овој град под кинеска управа, пренесуваат светските медиуми.
Дваесет и двегодишниот студент починал од повреди здобиени во понеделникот. Околностите под кои е повреден се уште не се јасни, но властите веруваат дека паднал од третиот на вториот кат на паркингот, кога полицијата ги растерувала демонстрантите.
Се очекува дека неговата смрт ќе предизвика протести на бес и огорченост против полицијата, која веќе е под притисок поради обвинувањата за употреба на прекумерна сила, додека градот е зафатен од најтешката политичка криза изминатите десетина години.