Најмалку 19 лица загинаа, а десетици други се повредени при избувнување на пожар во деловна зграда во главниот град на Бангладеш, Дака, соопшти денеска противпожарната служба.

Телата на 13 луѓе се пронајдени на местото на настанот, а шест други лица починале во болниците.

Пожарот избувна претпладнево во деловната зграда „ФР Кула“ во Дака.

Поголем број луѓе, барајќи спас од пожарот, скокале од високата деловна зграда.