Вашингтон – Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека силите на САД ќе останат позиционирани во деловите на Сирија околу нафтените полиња. Еспер предупреди дека на секој обид за одземање на нафтените полиња од курдската милиција во Сирија, Вашингтон ќе одговори со голема употреба на сила, без разлика дали противникот е Исламска држава или силите што имаат поддршка од Русија или од Сирија.
Лондон – Британскиот парламент убедливо го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон за предвремени избори на 12 декември, но тој најави дека ќе се обиде повторно. Џонсон најави донесување закон со кој за распишување нови избори ќе му биде потребно просто мнозинство, наместо двотретинско, како сега. Британија требаше утре да излезе од ЕУ, но Џонсон се согласи на ново одложување бидејќи пратениците одолжуваа со изгласувањето на неговиот договор.
Сакраменто – Во Калифорнија и понатаму беснеат големи шумски пожари, поради кои беше прогласена вонредна состојба во оваа сојузна американска држава, а повеќе десетици илјади лица беа евакуирани. Помеѓу евакуираните се и холивудскиот глумец и бивш гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, и ѕвездата на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.
Вашингтон – Посмртните оставки на лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади биле погребени во море, откако тој беше убиен во акција на американски специјалци во северозападна Сририја. Американските власти не објавија детали за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, но функционери на Пентагон изјавија дека процедурата била слична на онаа што беше користена по ликвидацијата на Осама бин Ладен, основачот на терористичката група Ал каеда.