Со нападите што САД ги изведоа во Сирија во саботата заедно со Велика Британија и Франција, му нанесоа штети на сирискиот мировен процес, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– На 14 април во Сирија не беа бомбардирани само измислени хемиски објекти, туку и преговорите во Женава, изјави Лавров по средбата во Москва со пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мастура.

Тој нагласи дека по неодманешната средба на претседателите на Русија, Турција и Иран процесот се доближил до обнова на мировните преговори. – Таа можност пропадна по нападите, нагласи Лавров.

Де Миструра, од своја страна, повика на намалување на тензиите во Сирија.

– Неопходна е не само воена, туку и политича деескалација. Се надевам дека тоа ќе биде можно со нови разговори – додаде Де Мистура. 

Тој нагалси и дека ОН се залагаат инспекторите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) да ја завршат својата работа во сирискиот град Дума, за каде постои сомнеж дека на 7 април е извршен хемиски напад. 

Според Де Мистура. ОН се залагаат инспекторите да го истражат „местото на хемискиот напад“, што е можно побрзо и без никакво попречување.