Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер инсистира на тоа дека неговата партија, баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), нема намера да ја урива канцеларката Ангела Меркел и нејзината Влада, но и оти нема знаци за компромис околу мигрантите.

Зехофер бара Германија да почне да враќа од граница некои азиланти, додека Меркел е против еднострана акција, тврдејќи дека тоа би ја ослабело Европската унија.

Раководството на ЦСУ утре ќе има состанок на кој Зеховер би можел да добие овластување да го протурка неговиот предлог до Меркел, а доколку тоа го направи, тој чекор би можел да ја загрози германската Влада.