Во Мексико вчера е убиен новинар од страна на двајца напаѓачи на мотор, пренесуваат властите на земјата.
Како што се наведува, напаѓачите пукале во новинарот и го напуштиле местото на настанот.
Мексиканскиот новинар Мануел Гонзалес Рејес беше застрелан во државата Морелос во центарот на Мексико, соопшти денеска локалното обвинителство.
Рејес бил директор на локалниот портал на агенцијата Морелос.
Организацијата за слобода на медиумите „Артикуло 19“ го осуди убиството на Гонзалес, кој беше шести новинар убиен оваа година во Мексико.