Иранскиот претседател Хасан Рохани донесе одлука и жените да можат да гледаат фудбал на стадионите.
Својата одлука Рохани ја соопштил на министерот за спорт Масуд Солтанифар, кој сега треба да ја спроведе одлуката на претседателот.
Досега, конзервативните кругови не дозвоплуваа присуство на жените на стадионите под изговор дека при навивањето мажите користат „непримерен јазик“. Но, портпаролот на иранскиот Совет на чувари – тело составено од 12 мажи со голема моќ во Исламската Република, оцени дека таа „апсолутна забрана“ веќе не е разумна.
По повеќегодишни протести поради таа забрана, конечно жените во Иран повторно ќе можат да се радуваат на убавините на фудбалската игра во живо, откако тоа им беше забрането од Исламската револуција во 1979 година.