Поранешниот норвешки политичар Свеин Лудвигсен денеска е обвинет за сексуално злоставување на тројца баратели на азил што траело со години, објави министерството за правосудство.
Државното обвинителство го испитува поранешниот политичар заради сексуално злоставување на три лица – рече државниот обвинител Тор Борге Нордмо на прес конференција.
Лудвигсен(72) е обвинет за злоупотреба на функцијата полициски управител на областа, кој ја искористил тешката ситуација на барателите на азил, значително помлади од него, од кои еден бил и со поблага форма на ментална болест, и сексуално ги злоупотребил.
Тоа се случувало во неговиот дом, во хотелите, дури и во префектурата Тромс меѓу 2011 и 2017 година, пишува во обвинението.
Пред да стане полициски управник, овој поранешен конзервативец бил на важни државни функции, а од 2001 и 2005 година бил министер за риболов.
Лудвигсен, уапсен на почетокот на годината и пет недели подоцна ослободен, ги отфрла обвиненијата.