Францускиот претседател Емануел Макрон најави формирање воена команда за вселената, за време на говорот во пресрет на националниот празник Денот на падот на Бастилја.
– Со цел да се обезбеди развој и зајакнување на нашите вселенски капацитети, во септември ќе биде формирана голема вселенска команда во рамките на воздухопловните сили кои на крај ќе станат воена сила на воздухопловството и вселената – рече Макрон во говорот во Министерството за одбрана, во пресрет на националниот празник што ќе биде одбележан со воена парада на авенијата на Елисејските полиња во Париз.
Американскиот претседател Доналд Трамп лани ја соопшти својата намера да основа нови вселенски сили, како посебен разгранок на војската на САД.
Задача на вселенските сили, според планот на Трамп, ќе биде заштита на американските сателити во Вселената од секаков физички напад, судир со други објекти или проектили и од каков било обид за пиратерија или пречки, но и развој на офанзивни капацитети.