Голем пожар избувна попладнево во близина на железничката и метро станицата во Лондон, од каде патниците беа евакуирани, соопшти противпожарната служба, додавајќи дека испратиле околу 100 свои припадници на местото на несреќата.
Три деловни простории во близина на станицата „Елефант касл“, јужно од Темза, се запалија заедно со шест автомобили и телефонска говорница, соопштија пожарникарите на Твитер, повикувајќи ги граѓаните да ја избегнуваат областа и да ги затвораат прозорците.
На видеата емитувани на социјалните мрежи се гледа густиот чад од пожарот што избувна по експлозијата, чија причина не беше позната.
– Овој инцидент не се смета за терористички акт – соопшти лондонската полиција, додавајќи дека сообраќајот е затворен кон таа зона.