Во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово им беа доделени сертификати на наставници за одржаната обука „Шах во основните училишта“, од Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) и од претседателот на Сојузот на спортови на Куманово. Сертификатите на веќе обучени предавачи по шах ги добија Ирина Димевска–Петковска и Сања Јовановска.
Од септември годинава, откога шахот е на листата изборни предмети во основните училишта во Македонија за прво, второ, четврто и за петто одделение, ШФМ и понатаму продолжува со обуката на наставничкиот кадар по предметот шах. По првата обука во Штип, вториот град каде беше одржана обука по предметот шах, беше токму во Куманово, а на неа присуствувале 33 наставници.
Г.И.