Европската фудбалска организација (УЕФА) официјално објави дека постигнала договор со дел од навивачите на Ливерпул кои барале компензација за физичките и психичките повреди претрпени пред финалето на Лигата на шампионите во 2022 година во Париз – пренесе „АФП“.
Нередите се случија пред финалето кое се играше на „Стад де Франс“ во Париз, поради што финалниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул доцнеше точно 37 минути.
Пред почетокот на финалето се створила огромна гужва на влезовите на стадионот каде што биле навивачите на Ливерпул, кои потоа се судриле со полицијата и обезбедувањето.
Во исто време, тие биле испрскани и со солзавец, а по целосното разгледување на ситуацијата, УЕФА ја презеде одговорноста како „главно одговорна за сериозните инциденти околу организацијата, влезот на навивачите и инцидентите што се случија“.
Финалниот меч заврши со победа на Реал со 1-0.