Во Струга викендов се одржа третото издание на спортскиот фестивал „Илинден“, што го организира спортско-рекреативниот клуб „Соларис“. На фестивалот, кој покрај забавен има и натпреварувачки карактер, учесниците се натпреваруваа во пливање, кајак, суп и такла.
Годинава првпат беше воведена и дисциплината такла, односно стил на скокање од височина во водите на реката Црн Дрим, што предизвика огромен интерес. Во ревијалниот дел, се одржа ватерполо турнир, кој и годинава беше во соработка со Ватерполо репрезентацијата на Македонија.
Натпреварите во ватерполо, пливање, кајак, Суп и натпреварот во Такла го проследија преку илјада граѓани. Посебен медал за највозрасен учесник: Раде Настоски – 73 години (натпреварувач во такла).
– Сега по завршувањето на фестивалот, спласнувњето на еуфоријата и секако притисокот со кој се носевме последниве месеци, слободно можам да кажам дека направивме одличен спортски настан, достоен на големината на името кое го носи. Спортскиот фестивал Илинден, несомнено се етаблира во масовен настан кој покрај тоа што го прославува најсветиот празник на републиката, обедини во спортска борба еден букет на поранешни спортисти, државни прваци, рекордери на кои за час ги потсети какво е чувството да се биде на спортските борилишта, но и на обичните
граѓани кои до сега немале привилегија да го доживеат тоа искуство. Од друга страна, фестивалот прерасна во конгломерат на општественото сеприсуство на нашата држава, па така видовме базар на плејада изработувачи на ракотворби, уметнички дела, здраствени препарати и слично. Видовме безброј радосни лица, искрени насмевки. Видовме деца кои ги бодрат своите родители, возрасни кои навиваат за своите деца и внуци. Видовме едно вистинско празнично славење на саможртвата
на илинденците во знак на искрена благодарност за Македонија што ја имаме денес. Во мое лично име и на членовите на организацискиот одбор, волонтерите, срдечно им честитам ним, но и на сите останати учесници и посетители. Сите заедно напишавме историја. Се гледаме на наредното издание! – рече Коста Хиохи, претседател на СРК Соларис и организатор на фестивалот.
Натпреварувачи
Ватерполо:
1. ВК Аква Про – Скопје
2. ВК Охридски Бранови -Охрид
3. ВК Мастерс Македонија
Пливање:
Мажи
1. Владимир Шутоски
2. Горан Ристовски
3. Петар Чакарески
Жени
1. Ивана Ѓоргоноска -Калајџиеска
2. Александра Паноска -Аврамовска
3. Викторија Вешоска
Кајак:
Мажи
1. Стојан Магдис
2. Ристе Чуркоски
3. Виктор Миланов
Жени
1. Жаклина Миљковиќ
2. Јоана Нестороска
3. Александра Маленко
СУП
МАЖИ
1. Бојан Пановски
2. Никола Малеаки
3. Александар Стојанов
ЖЕНИ
1. Вања Мачоска
2. Милица Матоска
2. Кристина Василеска
ТАКЛА
1. Никола Чакарески
2. Ристе Чепујноски
3. Ѓорѓија Стојанов