Фото: ЕПА

ИОК

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) со гласање одреди Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2023 година да се одржат во Франција, а тие во 2034 година во Солт Лејк Сити (САД). Домаќини на следните ЗОИ, во 2026 година, се Милано и Кортина д’Ампецо (Италија).
Франција четврти пат треба да биде домаќин на Зимски олимписки игри, првпат по Албервил во 1992 година (претходно во Франција ЗОИ се одржаа и во 1924 година во Шамони, кои беа првите Зимски олимписки игри воопшто, и во 1968 година, во Гренобл).
Американскиот град Солт Лејк Сити беше домаќин на Зимските игри во 2002 година, а во САД ЗОИ се одржани и во 1932, 1960 и во 1980 година.
Интернационалниот олимписки комитет претходно ги одреди и следните домаќини на Летни олимписки игри, па така, во 2028 година третпат домаќин на Игрите ќе биде Лос Анџелес (САД, претходно во 1932 и во 1984 година), а во 2032 година првпат Бризбејн (Австралија). Н.М.