Фото: ЕПА

Шифрин ја освои осмата титула во слалом и го израмни рекордот за најмногу титули во СК во една дисциплина, бидејќи Стенмарк има по осум титули во слалом и во велеслалом, а Вон осум трофеи во спуст. Хиршер, пак, осум пати го освои првото место во генералниот пласман на СК за мажи

АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП

Микаела Шифрин (САД) напиша уште едно извонредно поглавје од својата кариера со триумфално враќање на трките во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, во Оре (Шведска), на врвен начин, откако паузираше шест недели поради повреда, таа победи во слаломот и ја освои осмата титула во таа дисциплина во Светскиот куп во кариерата, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). За Шифрин победата е 59-та во слалом и вкупно зголемен рекорд, 96-ти триумф во Светскиот куп.
Шифрин се изедначи со осумте титули во слалом во Светскиот куп во кариерата на шведската легенда Ингемар Стенмарк. Таа, исто така, го израмни рекордот за најмногу титули во Светскиот куп во една дисциплина, бидејќи Стенмарк има по осум во слалом и во велеслалом, а Линдзи Вон (САД) осум трофеи во спуст. Австриецот Марсел Хиршер, пак, осум пати го освои првото место во генералниот пласман на Светскиот куп за мажи, пишува ФИС.
Шведскиот скијачки центар Оре беше амбиент за првата победа на Шифрин во Светскиот куп во кариерата, во декември 2012 година, потоа за нејзиниот рекорден 87. триумф во Светскиот куп, во март 2023 година и место каде што таа ја освои четвртата последователна и претходна титула во слалом во Светскиот куп, во 2019 година, пишува ФИС.
Дополнително, тоа беше седма победа на Шифрин во трка во Светскиот куп во Оре (има шест во слалом и една во велеслалом), што е еднакво на седумте победи во кариерата што таа ги постигна и во Куршевел, Леви и во Семеринг, пишува ФИС. Н.М.


НАЈМНОГУ ПОБЕДИ ВО СК

Микаела Шифрин 96
Ингемар Стенмарк 86
Линдзи Вон 82
Марсел Хиршер 67
Анемари Мозер-Прел 62

НАЈМНОГУ ТИТУЛИ ВО ЕДНА ДИСЦИПЛИНА
Ингемар Стенмарк осум во слалом
Ингемар Стенмарк осум во велеслалом
Линдзи Вон осум во спуст
Микаела Шифрин осум во слалом
Алексис Пинтуро шест во комбинација