Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ веројатно нема да учествува на претстојниот гранслем-турнир САД опен.
Ѓоковиќ официјално не се повлече, ниту е отстранет од списокот учесници, но организаторите најавија дека ќе ги почитуваат сите протоколи за ковид-19 на државата Њујорк, што значи дека странските државјани кои влегуваат САД мора да бидат вакцинирани.
– Протоколите за здравјето и безбедноста на играчите поврзани со вирусот ковид-19 (вклучувајќи какви било барања за вакцинација и/или тестирање) се оценуваат и ќе бидат објавени подоцна, земајќи ги предвид упатствата на здравствените власти, државата Њујорк и градот Њујорк и Владата – стои во соопштението од САД опен.
Ѓоковиќ не е вакциниран против ковид-19 што значи дека нема да учествува на последниот гранслем-турнир во сезоната.
Српскиот тенисер се подготвува иако е свесен дека шансите да се појави на терените во Њујорк се мали.
САД ги олабавија здравствените мерки, но не толку за да им дозволат на странските патници без имунизација да влезат во земјата.