ШАХ – „Опен Скопје 2024“

Интернационалниот мајстор (ИМ) Емил Ристески (2.378, рангиран 15-ти пред почетокот на турнирот) и ФИДЕ-мајсторите Антон Златков (2.324, 17-ти) и Љубомир Илиќ (2.076, 39-ти) се единствените македонски претставници од вкупно 24-те што по второто коло на традиционалниот меѓународен шаховски турнир „Опен Скопје 2024“ имаат по две победи и се меѓу првите 16 на табелата. Ристески ја победи ЖФМ од Романија Екатерина Пирволеску (2.063, 41-та), Златков беше поуспешен од македонската репрезентативка ЖФМ Ивана Манова (2.059, 43-та), а Илиќ службено ја доби партијата против ВМ Милан Зајиќ (2.392, 13-ти). Втора победа забележа и прворангираниот, ВМ од Азербејџан Елтај Сафарли (2.610) против ИМ од Украина Александар Репринтсев (2.230, 28.). Од македонските шахистки, Леа Ефтовска (1.810, 83-та) ремизира со Србинот Матија Николиќ (1.951, 60-та), а ЖФМ Моника Жежовска (1.981, 56-та) загуби од Илхами Озен (1.829, 89-ти) од Турција. На турнирот А играат 97 учесници (11 ВМ, три ЖВМ, пет ИМ, еден ЖИМ, осум ФМ, два ЖФМ) од 16 земји, а на турнирот Б (рејтинг до 2.000 поени) има вкупно 136 учесници (по еден ИМ и ЖФМ) од девет држави. Г.И.