Фото: Маја Јаневска Илиева

ОДБОЈКА

Светскиот првак Италија ќе се сретне со репрезентациите на Украина, Белгија и на Алжир во групата Ф од групната фаза на Светското првенство (СП) во одбојка што в година треба да се игра во Филипини, реши ждрепката влечена во Манила, јави Светската одбојкарска федерација.

Мундијалот в година ќе биде вкупно 21-от, но прв на кој ќе настапат 32 репрезентации, откако на минатите седум светски првенства играа по 24 селекции.

Состав на другите групи за СП 2025: Филипини, Иран, Египет, Тунис (група А), Полска, Холандија, Катар, Романија (група Б), Франција, Аргентина, Финска, Јужна Кореја (група Ц), САД, Куба, Португалија, Колумбија (група Д), Словенија, Германија, Бугарија, Чиле (група Е), Јапонија, Канада, Турција, Либија (група Г), Бразил, Србија, Чешка, Кина (група Х).

Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето на одбојкарскиот Мундијал в година. Н.М.