Фото: ЕПА

Маршан е трет пливач со повеќе од три индивидуални злата на едни Игри и првиот во повеќе од 100 години што освоил две индивидуални титули во пливање во една сесија. Тој досега ги освои првите места на ЛОИ 2024 со олимписки рекорди во секоја трка, а во три од четирите трки се соочи со актуелни олимписки шампиони, пишува ИОК

ЛОИ 2024 – ПЛИВАЊЕ

Францускиот пливач Леон Маршан го освои својот четврти златен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, откако во петокот победи во трката на 200 метри мешано за мажи, со време на нов олимписки рекорд, во преполната арена во Париз (околу 15.000 гледачи). Претходно Маршан (22) победи во дисциплините 400 метри мешано, а потоа и на 200 делфин и на 200 градно.
Тој досега ги освои првите места на подиумот на ЛОИ 2024 со олимписки рекорди во секоја трка. Згора, во три од четирите трки тој се соочи со актуелни олимписки шампиони, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Маршан е во фокусот на Игрите во Париз, не само преку неговата зголемена колекција медали, сега има четири злата, туку и поради тоа како се трка, пишува британски „Индепендент“.
Тој ги освои љубителите на спортот низ светот, а овие прекрасни златни медали го издигнуваат и во ексклузивен клуб, откако само Американците Мајкл Фелпс и Марк Шпиц освоија повеќе од три индивидуални злата во пливање на едни Игри, пишува „Индепендент“.
Најновото чудо на тренерот Боб Бауман, кој го водеше Фелпс во текот на неговата легендарна кариера, Маршан, пишува нови страници на историјата на пливањето. Тој освои ретка двојна титула за два часа во средата, откако стана првиот човек во повеќе од 100 години што освоил две индивидуални титули во пливање во една сесија, што одговара на подвигот на Австралиецот Фил Лејн, пишува „Индепендент“. Н.М.