Фото: МИА

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 3-1 во пријателски натпревар одигран попладнево во Струмица.

Во 43. минута резултатот го отвори Александар Трајковски. Милан Ристовски во 59. минута ја удвои предноста, откако претходно Елиф Елмас погоди статива. На асистенција на Елмас падна и третиот гол, кога Ердон Даци реализира во 88. минута. Конечните 3-1 ги постави Едуард Спертсјан во самата завршница од мечот.

Селекторот Благоја Милевски на овој натпревар се одлучи за комбиниран состав. Тој шанса за настап им даде на повеќе играчи кои на официјалните натпревари почесто се на клупата за резерви.

Во однос на саботната средба со Украина во македонскиот состав имаше осум нови фудбалери.