Фото: Принтскрин/Јутуб

Шпанецот Карлос Алкараз изјави денеска оти заедно со другите тенисери ќе се обиде да го спречи водечкиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, да продолжи доминира на тениските терени и следната сезона.

– Ѓоковиќ рече дека е подготвен да ги освои сите четири гранслем-титули, како и олимпиското злато, меѓутоа ние сме тука тоа да го спречиме – порача Алкараз од Мексико, каде денеска учествува на егзибициски турнир.

Алкараз оваа сезона освои шест турнири, вклучувајќи го и Вимблдон, со победа над Ѓоковиќ во финалето, но забележа разочарувачки резултати во вториот дел од годината, бидејќи после лондонскиот турнир не освои ниту еден трофеј.

– Првиот дел од сезоната беше спектакуларен, но потоа после Вимблдон уследи негативен период. Мислам дека тоа е нормално и оти треба да извлечам пука од таквите ситуации – изјави 20-годишниот Алкараз.