ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ЏИРО Д’ИТАЛИЈА

Ирскиот велосипедист Бен Хили победни на осмата етапа на велосипедската трка Џиро д’Италија, која се возеше од Терни до Фосомброне. Полуридскиот дел од 207 км, Хили го мина за четири часа, 44 минути и 24 секунди.
На второто, третото и четвртото место низ целта минаа Канаѓанецот Дерек Ги, Италијанецот Филипо Зана и Французинот Ворен Баргил, со една минута и 49 секунди заостанување зад победникот.
Норвежанецот Андреас Лекнесунд го задржа водството во генералниот поредок на трката, а го следат Белгиецот Ремко Евенпул со осум и Словенецот Примож Роглич со 38 секунди заостанување. Следната етапа се возеше вчера, а според распоредот беше индивидуалниот хронометар во должина од 35 км, на релацијата од Савињо сул Рубиконе до Чезена.
Годинашното 106-то издание на Џиро д’Италија трае вкупно 21 ден, со учество на 176 натпреварувачи. Шампионот од 2022 година, Џеј Хиндли, не е дел од годинашнава трка. Г.И.