Предке (лево) и Вашер-Леграв

ШАХ – ГРАНПРИ-СЕРИЈА НА ФИДЕ, 4. КОЛО

Седум ремија и една победа го обележаа 4-то коло на вториот шаховски турнир од гранпри-серијата за пласман на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак, кој се одржува во Белград, со учество на 16 велемајстори. Единствениот што победи беше актуелниот светски шампион во брз шах, Максим Вашер-Леграв, на мечот со Александар Предке, и со тоа го освои првиот цел поен по трите претходни ремија. Остануваат уште две кола, а победниците од секоја група одат во полуфиналето. Најдобрите двајца на првиот турнир, Хикару Накамура и Левон Аронијан, не играат во Белград, но ќе настапат на третиот турнир, во Берлин. Шахистите (вкупно 24) за пласман на Турнирот на кандидатите во јуни во Мадрид можат да играат само на два од трите турнири од гранпри-серијата. Најдобрите двајца по трите турнира ќе настапат на Турнирот на кандидатите, а потоа победникот в година ќе игра против светскиот првак Магнус Карлсен.
Резултати, 4. коло: Група А: Сем Шакланд – Етјен Бакро реми, Дмитри Андрејкин – Александар Гришчук реми. Табела: Шакланд 2,5, Андрејкин 2,5, Бакро 2, Гришчук 1. Група Б: Амин Табатабаеи – Аниш Гири реми, Никита Витијугов – Пентала Харикришна реми. Табела: Гири 3, Витијугов 2, Харикришна 1,5, Табатабаеи 1,5. Група Ц: Алексеи Широв – Гујрати Видит реми, Владимир Федосеев – Ричард Рапорт реми. Табела: Рапорт 2,5, Видит 2,5, Федосеев 2, Широв 1. Група Д: Шахријар Мамеѓаров – Јангуи Ју реми, Александар Предке – Максим Вашер-Леграв 0-1. Табела: Вашер-Леграв 2,5, Мамеѓаров 2, Ју 2, Предке 1,5 поен.