Младите борачи на Балканец од Штип изминатиот викенд остварија фантастични резултати на меѓународниот турнир „Победник” во Белград на кој учествуваа повеќе од 200 борачи од 31 клуб, од осум држави.
Балканец на турнирот настапи со 15 борачи во машка и женска конкуренција од 10 до 17 години, од кои 14 се вратија со медали. Шестмина освоија златно, петмина сребро а тројца бронза.
Во генерален пласман Балканец го освои првото место на турнирот и беше прогласен за најдобар клуб меѓу учесниците.
– Горди сме на постигнатите резултати и успесите кои ги бележат нашите млади борачи. Ваквите добри резултати ни даваат заеднички мотив за уште попосветена и понапорна работа за оставрување на уште подобри резултати во иднина – изјави претседателот на Балканец Виктор Богатинов.
Борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати:
Борачи 10-11 години
До 41 кг. Лука Ананиев прво место
Борачи 12-13 години
До 70 кг. Зоран Шоров прво место
До 45 кг. Бојана Ковачева прво место
До 44 кг. Никола Гицев второ место
До 55 кг. Викторија Ѓурова петто место
Борачи 14-15 години
До 85 кг. Јован Стефанов прво место
До 65 кг. Мелани Митевска прво место
До 48 кг. Леон Манов трето место
Борачи 16-17 години
До 92 кг. Андреј Трајчов прво место
До 57 кг. Марија Цветанова второ место
До 62 кг. Анабела Данилова второ место
До 65 кг. Стефан Стојков второ место
До 60 кг. Јован Атанасов второ место
До 60 кг. Стојанче Стојков трето место
До 71 кг. Дамјан Смилков трето место