Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометарите на Радовиш славеа против Металург со 26-23 на гости, во возбудлив меч помеѓу конкурентите за пласман во повисок ранг, од воведното коло на плејофот во Првата лига.

Филип Петровски од Металург беше најефикасен на мечот со осум гола, додека кај Радовиш по четири погодоци постигнаа Иван Митревски, Здравко Постолов и Васе Петров.

Во следната рунда Металург ќе биде домаќин на на Младост Богданци, а Радовиш на Бисинов.

Претходно, Младост Богданци со победа го отвори плејофот, совладувајќи го Драчево со 31-26. Во плејоф-фазата ќе се одиграат вкупно 14 кола.